
Календар
Користете ја апликацијата Календар за управување со својот временски распоред. Доколку сте
пријавени и го синхронизирате уредот со една или повеќе електронски сметки коишто вклучуваат
календари, на пример сметката на Google™ или Xperia™ со сметка на Facebook, тогаш настаните
од календарите на тие сметки ќе се појават и во апликацијата Календар. Може да изберете кои
календари да ги опфатите во комбинираниот приказ на календарот.
Кога ќе се приближи времето за состанокот, уредот репродуцира звук за да ве потсети.
1 Пристапете до поставките, одберете тип приказ и календари коишто сакате да ги прегледате
2 Вратете се на тековниот датум
3 Пристапете до другите опции
4 Потчукнете налево или надесно за побрзо пребарување
5 Додајте настан во календарот
Дознајте повеќе за календарот
•
Кога ќе ја отворите апликацијата Календар, допрете , потоа пронајдете и допрете
Помош и повратни информации.