Sony Xperia XZ Dual SIM - Преземање апликации од други извори

background image

Преземање апликации од други извори

Кога уредот е поставен да дозволува преземање од други извори освен Google Play™, може да
преземате апликации директно од други веб-страници со следење на соодветните инструкции за
преземање.

Доколку инсталирате апликации од непознато или недоверливо потекло, може да дојде до
оштетување уредот. Преземајте апликации само од доверливи извори. Контактирајте со
обезбедувачот на апликацијата доколку имате некакви прашања или проблеми.

Ако користите уред со повеќе корисници, само сопственикот, односно примарниот
корисник, може да дозволи преземања од извори што се различни од Google Play™.
Промените што ги прави сопственикот се одразуваат врз сите други корисници.

Вклучување или исклучување на опцијата за преземање апликации од други
извори

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Екран при заклучув. и безбедност.

3

Допрете го лизгачот Непознати извори .

4

Допрете OK.

За да работат исправно, некои апликации можеби ќе треба да добијат пристап до
податоците, поставките и различните функции на уредот. Инсталирајте ги и давајте им
дозволи само на апликациите на коишто им верувате. Може да ги прегледате дозволите
коишто сте ги дале за преземената апликација и да го промените нивниот статус со
допирање на апликацијата под Поставки > Апликации.

49

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.