Sony Xperia XZ Dual SIM - Конференциски повици

background image

Конференциски повици

Со конференциски повик или повик меѓу повеќе корисници може да имате заеднички разговор со
две или повеќе личности.

За детални информации за бројот на учесници коишто можете да ги додадете на
конференциски повик, обратете се кај својот оператор.

Остварување конференциски повик

1

За време на тековниот повик, допрете . Се појавува дневникот на повици.

2

За да се прикаже тастатурата, допрете .

3

Изберете го бројот на вториот учесник и допрете . Првиот учесник привремено се става
на чекање.

4

За да го додадете вториот учесник во повикот и да го започнете конференцискиот повик,
допрете .

5

За да додадете повеќе учесници во повикот, повторете ги соодветните чекори како што е
опишано погоре.

Приватен разговор со учесник во конференцискиот повик

1

За време на тековниот конференциски повик, допрете Управувај со
конференцијата
.

2

Допрете го одделното копче на учесникот со којшто сакате да имате приватен разговор.

3

За да го завршите приватниот разговор и да се вратите на конференцискиот повик,
допрете .

Ослободување учесник од конференцискиот повик

1

За време на тековниот конференциски повик, допрете Управувај со
конференцијата
.

2

Допрете веднаш до учесникот што сакате да го ослободите.

Завршување конференциски повик

За време на конференциски повик, допрете .