Sony Xperia XZ Dual SIM - Уредување текст

background image

Уредување текст

Можете да одбирате, отсекувате, копирате и залепувате текст како што пишувате. На опциите за
уредување може да им пристапите со двојно допирање на внесениот текст. Опциите за уредување
тогаш стануваат достапни преку лента на апликацијата.

Лента за уредување текст

Откако ќе го одберете текстот со двоен допир на зборот, ќе се појави лента за уредување што
содржи неколку алатки:

Сечи

Копирај

Залепи

Сподели

Одбери сѐ

Асистенција

Опцијата Залепи се појавува само кога имате зачувано текст во посредникот.

Одбирање текст

1

Допрете го зборот двапати за да го означите.

2

Може да ги повлечете картичките од двете страни на означениот збор за да одберете
повеќе текст.

Уредување текст

1

Двапати допрете на зборот за да се појави лентата на апликацијата.

2

Одберете го текстот што сакате да го уредувате, па користете ја лентата на апликацијата
за да ги направите саканите промени.

Користење на лупата

Кога внесувате текст, држете го допрено полето за текст за да го видите текстот зголемен и
за да го поставите покажувачот каде што сакате во полето за текст.

72

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.