Прво вклучување на уредот
Се препорачува да ја полните батеријата најмалку 30 минути пред да го вклучите уредот за
првпат. Уредот може да го користите и додека се полни. Видете Полнење на уредот на
страницата 38.
При првото вклучување на уредот, водичот за поставување ви помага да ги конфигурирате
основните поставки, да го персонализирате уредот и да се пријавите на своите сметки, на пример,
на сметката на Google™.
Вклучување на уредот
Важно е да го користите кабелот USB Type-C™ (што ви е даден) при полнењето на уредот
бидејќи другите типови USB кабли може да го оштетат уредот. Се препорачува батеријата
да се полни најмалку 30 минути пред првото вклучување на уредот.
1
Притиснете го и задржете го копчето за вклучување додека уредот не завибрира.
2
Внесете го PIN-кодот за SIM-картичката 1 и SIM-картичката 2 кога ќе се побара, па допрете
.
3
Почекајте малку за да се вклучи уредот.
Мрежниот оператор најпрво ќе ви го обезбеди PIN-кодот на SIM-картичката, но подоцна
може да го промените од менито Поставки. За да ја поправите грешката направена при
внесување на PIN-кодот од SIM-картичката, допрете
.
Исклучување на уредот
1
Притиснете и задржете го копчето за вклучување додека не се отвори менито со опции.
2
Во менито со опции, допрете Исклучување.
Може да помине одредено време додека да се исклучи уредот.