Sony Xperia XZ Dual SIM - Movie Creator

background image

Movie Creator

Xperia™ Movie Creator автоматски креира кратки видеа со помош на постојните фотографии и
видеа. Апликацијата автоматски одредува временска линија за креирање на филмот. На пример,
може да одбере фотографии и видеа од саботната прошетка или од одреден неделен, месечен
или годишен период и да ви креира филм. Ќе добиете известување кога филмот со најважните

118

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

моменти ќе биде готов. Потоа може да го уредите по желба. На пример, може да го уредите
насловот, да избришете сцени, да ја промените музиката или да додадете повеќе фотографии и
видеа. Може да креирате филмови со најважните моменти со рачно одбирање фотографии и
видеа. Ако се пријавите на сметката на Facebook, може да креирате филмови со најважните
моменти од настаните на Facebook со фотографии од настанот, имиња на пријателите и друго.

Отворање на Movie Creator

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Movie Creator.

Вклучување или исклучување известувања од Movie Creator

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Movie Creator.

3

Допрете , потоа допрете Поставки, па допрете го лизгачот Известувања за да ги
вклучите или исклучите известувањата.

Вклучување или исклучување на автоматското креирање филмови со најважните
моменти

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Movie Creator.

3

Допрете , потоа допрете Поставки, па допрете го лизгачот Автоматско креирање
за да ја вклучите или исклучите функцијата.

Рачно креирање филм со најважните моменти

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Movie Creator.

3

Допрете > Креирај нов.

4

Одберете ги посакуваните фотографии или видеа со допирање.

5

Допрете Креирај. Ако сакате да го уредите филмот со најважните моменти, допрете
Прикажи ја приказната и потоа користете го алатникот за да уредувате по желба.

Креирање филм со најважните моменти од настаните на Facebook

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Movie Creator.

3

Допрете > Поставки.

4

Допрете го лизгачот покрај Поврзи со Facebook.

Movie Creator сега е поврзан со вашата сметка на Facebook ако сте веќе пријавени на
Facebook.

Ако не сте пријавени, следете ги упатствата на екранот.

5

Допрете , потоа лизгајте надолу за да ги пребарувате настаните на Facebook.

6

Изберете настан за којшто ќе креирате филм со најважните моменти и допрете Креирај.

119

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.