Заштита на SIM-картичката
Секоја SIM-картичка во уредот може да се заклучи и отклучи со PIN (Personal Identification Number
- личен број за идентификација). Кога SIM-картичката е заклучена, претплатата поврзана со неа е
заштитена од злоупотреба и при секое вклучување на уредот треба да внесувате PIN.
Ако внесете неточен PIN премногу пати, вашата SIM-картичка ќе се блокира. Тогаш треба да го
внесете вашиот PUK (Personal Unblocking Key - лична шифра за отклучување) и потоа нов PIN. PIN
и PUK броевите ви ги дава мрежниот оператор.
19
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Поставување или отстранување на заклучувањето на SIM-картичката
1
Од почетниот екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Екран при заклучув. и безбедност >
Постави заклучување на SIM-картичка.
3
Одберете SIM-картичка.
4
Допрете го лизгачот Заклучи SIM-картич. за да го вклучите или исклучите
заклучувањето на SIM-картичката.
5
Внесете го PIN-кодот на SIM-картичката и допрете OK. Заклучувањето на SIM-картичката
сега е активно и од вас ќе се бара да го внесувате PIN-кодот при секое рестартирање на
уредот.
Промена на PIN-кодот од SIM-картичката
1
Од вашиот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Екран при заклучув. и безбедност >
Постави заклучување на SIM-картичка.
3
Одберете SIM-картичка.
4
Допрете Промени PIN на SIM.
5
Внесете го стариот PIN на SIM-картичката и допрете OK.
6
Внесете го новиот PIN на SIM-картичката и допрете OK.
7
Повторно внесете го новиот PIN на SIM-картичката и допрете OK.
Отклучување блокирана SIM-картичка со помош на PUK-кодот
1
Внесете го PUK-кодот и допрете
.
2
Внесете нов PIN-код и допрете
.
3
Повторно внесете го новиот PIN-код и допрете
.
Доколку премногу пати внесете неточен PUK-код, треба да контактирате со мрежниот
оператор за да земете нова SIM-картичка.